Се самоубил синот на Шабан Шаулиќ! Во станот било најдено потресно писмо за починатиот пејач!

(Фото: Морина Лопичиќ, Драгана Удовичиќ)

Откако „кралот на народната музика“, Шабан Шаулиќ трагично го изгуби животот, се дозна дека минатата година наводно неговиот вонбрачен син кој никогаш не го запознал, се убил пукајќи си во глава, а сето тоа го открил неговиот пријател од Америка – пишуваат српските медиуми.

– Сакам да ви раскажам што слушнав. Александар живеел во Колорадо, а неговата мајка Ана била во кратка врска со Шабан Шаулиќ. Таа добила дете кое сама го одгледувала, додека не се омажила за еден добар човек. Александар подоцна го зел презимето на својот очув Милер. Неговата мајка се доверила на мојата жена дека всушност тој е дете на Шабан, но дека таа со пејачот повеќе никогаш не се слушнала, ниту го видела. Не сакала ниту да му каже на Шабан дека има син. Дури откако мајка му починала, Александар дознал кој му е вистински татко, но никогаш немал желба да го пронајде.

Живееше мирно и пристојно, и никој не знае зошто се уби пукајќи си во глава. Го нашле среде соба во локва крв. Се зборува дека боледувал од некоја болест, поради што кренал рака на себе. По неговата смрт пронајдовме писмо кое го напишал на татко му, но никогаш не го испратил. Ние сме неизмерно тажни поради губењето на добар човек и пријател – раскажал изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот