Се самоуби тренер кој сексуално злоставуваше гимнастичарки

epa02964488 Jordyn Wieber (R) of the USA celebrates with her coach John Geddert (L) after winning the gold medal in the women's individual all around final of the Artistic Gymnastics World Championships in Tokyo, Japan, 13 October 2011. EPA/KIMIMASA MAYAMA

Џон Гедерт, тренерот на американската репрезентација во гимнастика која освои златен медал на Олимписките игри во 2012 година, изврши самоубиство откако е обвинет за сексуално злоставување на гимнастичарки.

Телото на Гедерт е пронајденот во паркинг на автопат во близина на Лансинг, објави полицијата на сојузната држава Мичиген.
Против 63-годишниот Гедерт беше покрената тужба поради физичко, вербално и сексуално злоставување на околу 20 млади гимнастичарки кои тренаа во периодот од 2008 до 2018 година во неговиот клуб Твистарс во близина на Лансинг. Во истиот клуб работеше и поранешниот лекар на американската репрезентација во гимнастика, Лари Насар, кој беше во центарот на најголемиот скандал со сексуално слозставување во историјата на американскиот спорт.
Гедерт требаше во четвртокот попладне по локално време да се појави во судот во Лансинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот