Се самоуби познатата канадска актерка

инстаграм/принтскрин

Канадската актерка и модел Стефани Шерк ненадејно починала во саботата на 20 парил, на 43-годишна возраст и го остави семејството во тага, а светот во шок.

Стефани извршила самоубиство така што врзала тегови за нејзините нозе, а потоа скокнала во базенот на семејната куќа.

Нејзиниот сопруг, мексиканскиот актер, 55-годишниот Демијан Бичир, кој беше номиниран за Оскар, ја објавил тажната вест на Инстаграм.

„Ова е најтажниот период во нашите животи и не знаеме колку време ќе ни треба да ја победиме болката. Се надеваме дека мојата убава Стефани, мојот талентиран ангел, ќе почива мирно“, напишал нејзиниот сопруг Демијан.

Демијан напишал и дека неговата сорпуга „починала во мир“. Јавноста не била упатена во состојбата на познатата актерка, дури ниту нејзините блиски пријателки како актеркат Дијана Кругер.

„Ох, Демијан, толку ми е жал. Немав поим. Ти праќам многу љубов во овој тежок момент“, напишала Дијана.

Двојката беше во врска од 2011 година, се венча три години подоцна и немаше деца, а не е познато што Стефани ја навело на овој трагичен чекор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот