Се самоуби насилникот од Велес кој ѝ пукаше на девојката во стомак, бил осуден за убиството на сопствениот брат

Велешанецот кој рано утрово ја претепа младата невенчана сопруга и ја рани со пиштол во стомакот, се самоубил во моментите кога требало да биде уапсен, јави локалниот портал Батали.нет.
Полицијата попладнево го лоцираше осомничениот во неговиот стан во зграда на улицата „Андон Шурков“, во близина на Интернатот, па во голема акција, се обиде да го уапси.
Сепак, осомничениот не дозволил да биде уапсен – непосредно пред полицијата да влезе во станот, тој си го одзел животот.
Батали.нет пишува дека се работи за 38-годишниот З.Т., кој на крајот на 2008 година го убил својот брат и бил осуден на 13-годишна затворска казна.
Неговата 25-годишна невенчана сопруга е пренесена на скопските клиники со прострелна рана во стомакот, но и со видливи повреди на лицето кои личеле на повреди од тепање, пишуваат локалните медиуми.
Ужасно семејно насилство во Велес: Млада жена е ранета, сопругот ѝ пукал во стомакот