Се руши хотел дивоградба на самиот брег на Охридското езеро (ВИДЕО)

Општина Охрид спроведува акција за рушење на хотел дивоградба, кој се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, и истиот е во близина на бетонската база изградена од советникот Нефи Усеини.објави Охрид1.ком.

Акција за уривање на овој хотел првично имаше на 30 септември 2019 год, но општинските екипи тогаш се повлекоја по ветувањето на сопственикот дека сам ќе си го урне објектот. Тогаш општината му даде рок од 20 дена, но сопственикот не само што не го испочитува овој рок, туку до ден денес, немаше отстрането ни една штица од објектот.

Инаку ова е дел од акцијата која локалната самоуправа ја спроведува по препораките на УНЕСКО, и со која се отстранува урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот