Се роди бебе со два пола во Приштина

Фото: Профимедиа

Необичен настан се случи во Клиниката за гинекологија во Приштина. Лекарите на Клиниката за гинекологија во Приштина деновиве се соочија со редок случај – се роди бебе со два пола, информираат извори на „Front Online“.

Според овие извори, бебето во моментот е во Клиниката за неонатологија, каде минува низ потребните лекарски прегледи, бидејќи досега не се памети дека има таков случај во Косово.

– Бебето е во Клиниката за неонатологија во Приштина, каде што минува низ детални лекарски прегледи – рече изворот од Клиниката за неонатологија, пренесува Експрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот