Се реновираат тоалетите во училиштето „Кузман Јосифовски-Питу” во Кисела Вода (ФОТО)

Во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу” во Кисела Вода целосно се санираат шест тоалети со по три кабини, со што ќе се подобрат условите за децата и вработените во училиштето, каде што во новата учебна година настава ќе посетуваат 636 ученици.

Санитарните јазли ги реновира  Цементарница УСЈЕ а.д. Скопје во соработка со Општина Кисела Вода.

– Вкупно 18 кабини ќе добијат нова санитарна, канализациска, водоводна и електрична инсталација.Ѕидовите на внатрешниот дел од тоалетите се обновуваат со абриб-фасада и на нив се поставуваат нови плочки. Покрај ова, во дел од ходниците на училиштето се поставуваат и лед-светилки, соопшти Општина Кисела Вода.

Увид во работните активности за реновирање денеска извршија градоначалникот и претседателот на Советот на Општината, Филип Темелковски и Дарио Шимиќ, заедно со Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот