Се реконструираат 26 улици во Ѓорче Петров

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Саид Саид извршија увид на финалната фаза од изградбата на 26 улици во општината Ѓорче Петров со вкупна површина од 16.000 метри квадратни.

– Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните со цел да добијат улици и услови какви што заслужуваат. Во финалната фаза се пристапи кон изградба на улици во Стопански Двор со што се заокружува проектот на изградба во пет населени места во оваа општина, и тоа во Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор, каде се изгради патна инфраструктура во должина од пет километри.Работиме за сите да обезбедиме соодветни услови, програмска определба е во Скопје да не се дозволи без соодветен развој да се дел од населените места кои до сега биле заборавени, а таа слика ја подобруваме на со градежната офанзива, за рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје – вели Арсовска.

Директорот на ЈП Улици и Патишта, Саид Саид на увидот истакна дека веќе е започнато да се работи на подготовка на асфалтирање на улиците кои се дел од завршната фаза на проектот, со ископ на гребен асфалт, поставување на тампон слој и пристапување кон асфалтирање со нова асфалтна маса, со што ќе се подобрат условите на живеење на граѓаните кои живеат тука, а воедно ќе се влијае и на подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот