Фото: Општина Аеродром

Се реконструира спортската сала, а се работи и доградбата на училиштето „Блаже Конески“

Деновиве се врши целосна реконструкција на спортската сала во основното училиште „Блаже Конески“ во Мичурин.

Од Општина Аеродром информираат дека салата, по 15 години, добива нов изглед. Се обновуваат и се бојадисуваат внатрешните ѕидови, се поставуваат нови елементи за вежбање, како и енергетско-ефикасни ЛЕД-светилки.

Доградбата на ова училиште се одвива според планираната динамика, со што ООУ „Блаже Конески“ по неколку децении конечно добива современ изглед со нови училници, голем хол со бина, главни скали и лифт, кујна со трпезарија, нови тоалети и тоалет за лица со посебни потреби, како и други помошни простории- велат од Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот