Се реализира проектот „Смарт езеро „Младост”

Во рамки на проектот се  уредува  и  крајбрежниот појас на езерото во должина од околу 600 метри, а ќе се изработи и киоск за сувенири и ќе се постават шест клупи од рециклирани дрва.

Во тек се интензивни градежни работи на поголемиот дел од објектите кои се дел од проектот „Смарт езеро Младост”, прва иновативна туристичка атракција во земјава.

Како што информираат од Општина Велес, се работи на пешачка патека со 23 паркинг места и столбови за осветлување, на велосипедска патека во должина од 7,20 километри и поставување рекламен билборд  како пристапен пат до винаријата „Шато Сопот” која е во непосредна близина на езерото „Младост”.

Во рамки на проектот се  уредува  и  крајбрежниот појас на езерото во должина од околу 600 метри, а ќе се изработи и киоск за сувенири и ќе се постават шест клупи од рециклирани дрва.  Ќе се изгради и  посматрачница за птици, како и пристапен пат до „Еко кампот” во должина од 170 метри.

Според Општина Велес, поради големиот шумски пожар што ја зафати боровата шума над велешко езеро „Младост” во август минатата година, како претходница на градежните активноси на „Еко кампот” и „Паркот на авантури” тие овие локации ги расчистиле од опожарените дрва.

Од Општината информираат и дека  во простории на поранешното кино во центарот на градот се уредува канцеларијата за Туристичко биро што, исто така е во рамки на овој проект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот