Се реактивира пожарот кај село Девич

Фото: МИА

Пожарот што пред два дена избувна кај село Девич, Бродско и беше локализиран, денеска се реактивира. Повторно пламените јазици се доближуваат до селото и во моментов огнот е на четириесетина метри од првите селски куќи.

Според градоначалникот на Општина Македонски Брод, Живко Сиљаноски, се прават напори за ангажирање повеќе работна сила и опрема за соодветно да се дејствува.

– Опожарена е површина поголема од пет хектари, а во пожарот гори ситно стеблеста и деградирана шума, смрека и други ситни растенија. Поради ветерот, огнот се повеќе се доближува до првите куќи и моментно е на 30 – 40 метри од селото, што претставува сериозна закана дел од селските куќи да бидат зафатени, изјави Сиљаноски.

Тој побара помош од полицијата и механизација од Територијалната противпожарна единица од Битола.

-За да го спасиме Девич и да го локализираме пожарот, на помош пристигнаа 30 припадници од единицата за брзо распоредување ЕБРД на МВР, кои се опремени со мешини полни со вода, а во текот на денот очекуваме од Битола да пристигнат и две противпожарни возила кои заедно со нашето ќе се обидат да ја намалат опасноста. И во ноќните часови состојбата на терен будно ќе се следи, ќе бидат присутни припадници на Шумското стопанство и други лица кои ќе бидат вклучени во гасењето и превенцијата, додаде градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот