Се разгоруваат судирите во Нагорно – Карабах: Азербејџанска војска нападна војници на ерменска територија (ВИДЕО)

Вооружените сили на Азербејџан нападнаа воена единица во ерменскиот град Варденис, изјави портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степањан, најавувајќи „соодветен одговор”.

– Војската на Азербејџан отвори оган врз воена единица во Варденис, а исто така ја вклучи и авијацијата против овие позиции, напиша Степањан на својот Фејсбук профил.

Таа нагласи дека на операцијата и претходеле, како што наведе, „дезинформации на азербејџанското Министерство за одбрана дека наводно ерменската армија од реонот Варденис го гранатирала реонот Дашкасан во Азербејџан”.

Очекувајте жесток одговор, истакна Степањан.

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Аркрун Ованисјан изјави дека азербејџанската војска при нападот на ерменскиот град Варденис не гаѓала само воени единици, туку и цивили, но за среќа нема жртви.

Прочитајте и...  Филипче: Состојбата со коронавирусот е критична, притисокот врз болниците е огромен

Поврзани вести

Вториот ковид бран „коси“, раст на бројот на заразени и на починати, Филипче апелира на одговорност

Слободен печат

Митко Јанчев ќе се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се бира претседател на непосредни избори

Слободен печат

Заедничко соопштение на Стејт департмент, на Ерменија и на Азербејџан: Примирје во Нагорно-Карабах

Слободен печат

Ребалансот на Буџетот чека на усвојување во Собрание: Приходите пониски за 0,2 отсто, расходите повисоки за 4,2 отсто

Слободен печат

Собрание: Закажани седници на четири комисии

Слободен печат

ЈП „Водовод и Канализација“: Дел од Општина Ѓорче Петров без вода

Слободен печат

Остави Коментар