СЕ РАЗГОЛЕ ВО ШЕСТАТА ДЕЦЕНИЈА: Деми Мур призна низ каков пекол поминувала неколку години

деми мур
Фото Профимедиа

За новото издание на „Харперс базар“, Деми Мур се разголе за насловната страна, а она што сите го забележаа е дека и на 57 години изгледа прекрасно.

Таа открила дека откако имаше спонтан абортус со бебето на Ештон Качер, станала зависна од алкохол, а често земала и дрога.

Деми останала бремена кратко по почетокот на врската, а никогаш не успеала да го преболи спонтаниот абортус кој се случил во четвртиот месец. Потоа повторно се обидувале да зачнат, но не успеале. Постојано се чувствувала виновна за тоа.

Чувството на вина ја скршило и таа се предала на зависностите. Но, дури ни нејзините тинејџерски години не биле лесни. Деми била силувана на 15-годишна возраст.

Во бракот со Брус Вилис доби три ќерки. Таа го користи презимето на својот прв сопруг Фреди Мур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот