Се разгледува можноста за лекување со крвна плазма, но терапијата не помага секому

Фотографија: Profimedia

Тоа не е тип на терапија, која може да помогне секаде, тешката форма на болеста е навистина тешка и ги напаѓа сите системи, рече Филипче.

Протоколот за лекување со крвна плазма од ковалесценти е направен, а оваа недела за ова е дискутирано во стручните комисии и на Медицинскиот факултет, но сепак тоа е тип на терапија која не може секому да помогне, особено имајќи ја предвид непредвидливоста на болеста во потешките случаи.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали секој што се излекувал од Ковид-19 може да дарува крвна плазма за лекување или има одредени правила.

-Крвна плазна заради антитела не може да даде кој било, треба да е во соодветна фаза, тие се пациенти кои се ковалесцентни, затоа што т.н. рековалесценти се целосно излекувани и тука нема ефект. Тоа не е тип на терапија, која може да помогне секаде, тешката форма на болеста е навистина тешка и ги напаѓа сите системи, рече Филипче и посочи дека има индикација кога точно се дава оваа терапија.

Во врска со учеството на земјава во програмата на СЗО Солидарност за најефикасен третман во лекувањето на заболени од Ковид-19, нагласи дека ние сме примени во студијата и сега сме во подготвителна фаза на размена на документација.

– Ние сме примени во студијата и сега сме во подготвителна фаза на размена на документација и треба да се види која од четири тераписки опции е практично со најдобар ефект. Предност е кога една држава е дел од некоја студија веднаш се стигнува до терпаевтските протоколи и не е проблем количината на лекови, рече Филипче.

Во врска со можноста да се промени формата на тестирањето, Филипче рече дека во моментов земајќи ја предвид епидемилошката слика и целокупната состоба во земјата, потребно е спроведување на стратрегијата која подразбира дијагностика само на  пациенти кои имаат симптоми и изолација на нивните контакти. Во некој подоцен момент можеби ќе мора да се прави скрининг на имунитетот на населението, но, како што рече министерот, не во овој момент.

Додаде дека и во овој момент идентификување на лицата кои ги почитуваат правилата на ограничување на движењето нема да даде никаков ефект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот