СЕ РАЗБУДИЛА СО ВКОЧАНЕТ ВРАТ: За неколку часа била ЦЕЛОСНО ПАРАЛИЗИРАНА
Хелен Финчам била здрава жена, се до едно утро, кога се разбудила со вкочанет врат, а неколку часа подоцна била целосно парализирана.
Животот на 24-годишната Хелен преку ноќ се променил пред три години, кога открила дека има ретка состојба, наречена трансверзален мијелитис.
Еден ден рпед тоа да ѝ се случи, таа била на плажа со својата братучетка. Следниот ден се разбудила со вкочанет врат и мислела дека тоа е последица на спиење во незгодна позиција. Само неколку часа потоа, лежела неподвижна, со грч во градите.
„Никогаш претходно не сум била болна, па знаев дека овојпат нешто не е во ред. Имав болки и одвај дишев. Повикав лекар, но секретарката ми рече веднаш да појдам во болница. Тогаш ме фати паника“, пишува таа.
Следниот ден ѝ ги тестирале рефлексите, но таа не реагирала на ништо.
Оваа состојба им се случува на околу 300 луѓе годишно, моментално нема лек, но со редовна терапија може да се намалат симптомите. Ова невролошко нарушување е предизвикано од воспаление на ‘рбетниот мозок.
Таа шест месеци лежела во болница, а уште една година била на рехабилитација. Оттогаш успеала да врати неколку движења. Сега живее во прилагодено приземје во Бриџенд.
Хелен може да се храни сама, но не и да зготви нешто, па затоа и ѝ е потребна нега и помош. Но, сепак не сака да биде зависна од никого и постепено се бори со помош на терапијата да ги врати своите движења. Во моментов може да издржи само околу 15 минути вежбање.