Се растура пеколното трио на Ливерпул, прв си оди Фирмињо

twitter/Premier League

Европскиот шампион Ливерпул претставува страв и трепет за своите противници и тоа поради неверојатно трио кое го сочинуваат Салах, Мане и Фирмињо. Токму напаѓачката тројка е најзаслужна што минатата сезона „црвените“ триумфираа во Лигата на шампионите, а сезоната во 12. кола од Премиер лигата имаат дури 11 победи.

Сепак, според најавите од Шпанија, се чини дека пеколното трио на Ливерпул ќе се растури, а прв кој ќе си замине е Роберто Фирмињо. Според „Дон Балон“, бразилскиот репрезентативец сам и се понудил на Барселона која веќе ја бара замената за Луис Суарез.

Фирмињо е член на Ливерпул од 2015 година кога за сума од 41 милион евра пристигна од германскиот Хофенхајм, а актуелниот договор со Ливерпул му е до 2023 година. Тој во 149 натпреари во дресот на „црвените“ постигна 51 гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот