Се расчистува дивата депонија кај „Хемтекс” во Кисела Вода

Покрај ова, со акцијата опфатено е и кастрење на нараснатите суви гранки.

Општина Кисела Вода во соработка со Градот Скопје почна акција за чистење на дивата депонија, лоцирана во околината на фабриката „Хемтекс”.

Како што информираат од Општина Кисела Водам од утринава екипите на Градот и Општината рачно и со механизација во должина од околу еден километар расчистуваат над 200 кубика отпад, одложен од страна на несовесни граѓани. Покрај ова, со акцијата опфатено е и кастрење на нараснатите суви гранки.

-Локалната самоуправа во соработка со Градот Скопје изминатиов период на својата територија ги исчисти најголемите диви депонии. На дел од депониите направени се паркови, а на некои во тек се градежни активности за зазеленување и урбано уредување, се вели во соопштението на Општина Кисела Вода.

Општина Кисела Вода ги повикува граѓаните да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота, затоа што само така ќе придонесат за почиста и поздрава животна средина. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот