Се проширува една од НАЈМАЛИТЕ држави: Даночниот рај на милионерите ќе добие нови 6 хектари (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Монако е можеби втората најмала држава во светот по големина, но е една и од најбогатите. Скоро третина од жителите се милионери, кои покрај убавините на земјата, ги привлекле и даночните олеснувања.

Меѓутоа, сигурно можете да замислите дека на простор помал од 2 квадратни километри е голема гужва. Тесно е за жителите, кои ги има повеќе од 39.000.

Недостасува простор за нови куќи и апартмани. Облакодери и куќи во карпи се само некои од решенијата кои жителите ги користат.

Фото: Принтскрин

Заради таа причина принцот Алберт Втори дал зелено светло на проектот кој би требал да го прошири брегот.

Во овој даночен рај има недостаток на недвижнини за 2.700 мултимилионери, колку се очекува да се населат во Монако во наредните 10 години.

Фото: Принтскрин

Според проектот, новата населба Портије Коув ќе додаде 6 нови хектари на сегашната територија од 2 квадратни километри. На новиот простор ќе можат да се изградат 120 луксузни куќи.

Работата започна: истурањето на песок во морето и поставување на бетонски блокови ќе го прошири брегот и ќе отвори поголем простор.

Фото: Принтскрин

Новата населба Портије Коув би требала да биде завршена до крајот на 2025 година, блиску до легендарното казино кое се прослави со филмовите за Џејмс Бонд. Илјадници нови апартмани и вили, ќе имаат и нов рид, уреден парк и шеталиште со марина.

Моменталната цена на недвижнини во Монако изнесува најмалку 45.000 евра по квадратен метар, а заради константниот „недостиг“ цените лесно се креваат, па квадрат може да чини и најмалку 90.000 евра. Покрај тоа, посебно внимание се посветува и на живиот свет. Сите најважни морски видови се префрлени во резерватот, во кој се наоѓа вештачки корален гребен создаден со помош на 3Д принтер.

Инаку, за некој да се пријави да живее во Монако, мора да докаже дека има место за живеење, потоа отвора сметка во банка во Монако и уплаќа депозит од најмалку 500.000 евра, а мора да престојува во Монако барем 6 месеци годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот