Се продолжува рокот за промена на договорените услови на кредитните изложености

Фото: Архива

По престанокот на вонредната состојба во рок од 90 дена висината на трошоците кои не се вклучени во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци, не треба да надминува 30 проценти од износот на одобрениот кредит.

 

За 90 дена се продолжува рокот во кој банките и штедилниците ќе можат да ги променат кредитните изложености за правните и физичките лица по престанокот на вонредната состојба.

За оваа промена од Владата донесена е Уредба со законска сила со која се изменува Уредбата за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба, со која се овозможува и во наредните 90 дена висината на трошоците кои не се вклучени во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци, да не надминува 30 проценти од износот на одобрениот кредит.

На вчерашната седница донесено е дополнување на Уредбата со законска сила за примена на одредбите од Законот за минерални суровини, со која се уредуваат причините и постапката за времено запирање на вршењето на експлоатацијата на доделени концесии за експлоатација на неметалични минерални суровини од страна на концедентот во случај кога вршењето на експлоатацијата го нарушува здравјето на населението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот