Се продава писмото со кое Марлон Брандо ѝ раскинал на својата девојка

Фото: Профимедиа

Своерачно напишаното писмо од младиот Марлон Брандо во кое ја прекинал врската со Французинка кон крајот на 1940-тите може да биде продадено на аукција за 15.000 долари, пишува Си-Ен-Ен.

Писмото е адресирано до Соланж Подел, со која Брандо имал врска додека бил ѕвезда на Бродвеј. Бостонската RR Auction го продава писмото преку Интернет, а аукцијата завршува на 9 февруари.

„Ти го пишувам ова писмо за да објаснам дека поради мојот ексцентричен и избувлив темперамент не сакам да ги понижувам и повредам твоите чувства со тоа што ќе те видам само кога ми одговара на расположението“, напишал Марлон Брандо, ѕвездата на „Кум“, „Апокалипса сега“, „Последниот од нас“, во писмото на три страници.

Според описот на RR Auction, Брандо и Подел се запознале зад сцената во 1947 година за време на снимањето на „Трамвај наречен копнеж“. По паузата Брандо ја продолжи кариерата во Холивуд, додека Подел се свртела кон фотографијата. Брандо освои два Оскари за најдобар актер за „Кум“ и „На доковите на Њујорк“.

Луди ритуали: Бизарните навики на славните личности

ВИДЕО | Холивуд по 50 години ѝ се извини на Индијанката која беше исвиркана на Оскарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот