Се продава куќата на Осама Бин Ладен

Осама бин Ладен / Фото: Архива

Ибрахим бин Ладен, полубрат на некогашниот лидер на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, ја стави на продажба својата луксузна куќа во Лос Анџелес.

Како што се наведува, објектот се продава по цена од 28 милиони долари, откако била празна 20 години, уште од терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.
Изградена во 1931 година, куќата се наоѓа на земјиште со големина од околу еден хектар, а има 660 квадратни метри со седум соби и пет купатила.

Ибрахим бин Ладен ја купил вилата изградена во медитерански стил во 1983 година за 1.653.000 долари, а денес истата би ја платил 5,5 милиони долари, поради инфлацијата од 38 отсто.

Изградена е од бетонски ѕидови и обоена во розе. Куќата и целиот имот се наоѓаат на неколку блокови од познатиот хотел „Бел ер”. Во непосредна близина се наоѓаат двете најголеми вили, едната на израелскиот претприемач Бени Алагем, а другата на тајкунот Џефри Каплан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот