Се продава куќата на Бред Пит и Џенифер Анистон (ФОТО)

Поранешниот дом на Бред Пит и Џенифер Анистон е на продажба, а за него идниот сопственик ќе треба да одвои најмалку 49 милиони долари.

profimedia

Имотот се простира на 12.000 квадратни метри, а освен куќата со четирите соби, во цената се вклучени и базен, сала за вежбање и тениски терени.

profimedia

Куќата на Беверли Хилс е изградена во 30-тите години.

profimedia

Бред и Анистон во куќата живееле пет години, сè до нивниот развод во 2006 година.

profimedia

Парот поминал три години во реновирање на куќата додавајќи мермерни кујнски подови, приватна киносала и мал паб со дрвени подови набавени од француски дворец.

profimedia

Некои медиуми пренесоа информација дека Бред веќе ја купил куќата за 50-тиот роденден на Џенифер, но тој ги демантира овие гласини.

profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот