Се придржуваат до мерките, а сепак голем број на заразени и починати: Зошто Монтреал е епицентар на коронавирусот?

Фото: EPA-EFE/Andre Pichette

Монтреал, градот кој туристичките водичи го прогласуваат „Европа во Северна Америка“ заради својата богата култура и начин на живот, е епицентарот на епидемијата на Ковид-19 во Канада.

Од 70.000 заразени и 5.000 мртви во цел Квебек, во овој град од два милиони луѓе има 20.000 заразени и повеќе од 2.000 починати, или околу 64 отсто од вкупниот број на починати во целата провинција.

Градот во голема мера се придржуваше на наредбите за седење дома. Зошто тогаш толку луѓе се разболуваат и умираат?

Многу заразени од коронавирусот се луѓе кои веќе доживуваат системска нееднаквост, сиромаштија и дискриминација – што отвара прашања кои постоеле долго пред вирусот и кои сега се уште повидливи.

Прво, станува збор за старите луѓе. Монтреалска „Газета“ откри дека локалниот јавен дом за стари лица, познат како ЦХСЛД, ја сокрил смртта на 31 старо лице. Многу од нив умреле откако поголемиот дел од персоналот го напуштил домот, а последните денови ги поминале без вода, храна и чисти пелени.

Податоците во покраината Квебек покажуваат дека речиси 82 отсто од починатите живееле во домови за стари лица. Од вкупно 2.0003 мртви во Монтреал, 74 отсто од нив биле постари од 80 години, а 97 отсто постари од 60 години.

Вториот дел е за емигрантите, жителите во населбата Северен Монтреал, еден од најсиромашните населби во целата Канада, каде живеат голем број баратели на азил. Половина од жителите на оваа населба се припадници на малцинство, а 42 отсто се имигранти. Многу од нив сега работат без државјанство, а потоа се враќаат во куќите и пренатрупани станови кои ги делат со фамилиите и пријателите.

Секој петти заразен жител на Монтреал е здравствен работник, а од кои ниту еден не прима накнада за опасност. Во населбата Северен Монтреал се заразени 23 отсто од луѓето тврди активистот на заедницата Вил Проспер.

„Луѓето кои неодамна сакавме да ги исфрлиме, сега се грижат за нас“, вели Проспер.

Случно е и во другите области во Монтреал каде се тешко погодени од епидемијата: ниски примања, голема заедница на имигранти, поголем дел малцинство, престој со лош квалитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот