Се преврте камион со пиво во Австралија: Целиот автопат затворен за сообраќај (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Автопат во австралија бил затворен со часови откако се превртел камион кој превезувал пиво, соопштија тамошните медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата.

Сѐ се случувало во вторникот, на околу 300 километри северно од Сиднеј, а околу илјада конзерви пиво „Викторија битер“ го прекриле патот.

Како што пренесе „Ројтерс“, возачот на камионот не е повреден.

Сообраќајот бил целосно стопиран околу час и половина, а една лента била затворена за сообраќај во период од седум часа.

Возачот (24) не бил под влијание на дрога или алкохол, а полицијата верува дека причина за несреќата е замор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот