Се преврте чамец со мигранти во близина на Лезбос, загина едно дете

Фото: ЕPA-EFE

Во акција за спасување на бегалци и мигранти на грчката крајбрежна служба во близина на Лезбос, од морето било извлечено мртво дете, откако се превртил чамец во кој имало 48 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од грчката крајбрежна служба, чамецот го превртеле самите мигранти, за да се спроведе спасувачка акција, нешто што е честа тактика по препорака на криумчарите. Спасени биле 46 лица, а две деца пренесени во болница. Едното, и покрај обидите на лекарите да го вратат во живот, починало. Другото дете е хоспитализирано и е вон животна опасност.

Чамецот со мигрантите и бегалците, во 8.30 часот утрово, според крајбрежната служба, пловел во придружба на турски патролен брод, на граничната линија во близина на Лезбос.

– Кога влезе во грчките територијални води и се доближи брод на крајбрежната служба, патниците го превртија чамецот (станува збор за вообичаена тактика по препорака на криумчарите за да се спроведе спасувачка акција) – соопштуваат од грчката крајбрежна служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот