Се преврте автобус со туристи кај Бургас, 12 патници повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска околу 17 часот и 17 минути по локално време на автопатот „Тракија“ во правец кон Бургас, каде што најверојатно поради заспивање на 45-годишниот возач, автобус првично удрил во билборд, а потоа превртел во канал покрај патот, соопшти Канцеларијата на Министерството за внатрешни работи – Бургас.
Во него имало 17 патници кои се враќале од патување во Виена.
Според првичните податоци, во болница се пренесени 12 патници, од кои пет се во потешка состојба.
На возачот на автобусот му било извршено алкотестирање, но примерокот бил негативен.
Десната лента на автопатот поради сообраќајката е затворена за сообраќај, пишуваат бугарските медиуми.