Се преуредува гевгелиската болница за да ги згрижи заразените од ковид-19

Поради зголемен број на пациенти од Ковид-19 се наметна потребата од итно проширување и адаптирање на дел од болничките одделенија кое се наоѓа во завршна фаза, соопштија од Општата болница во Гевгелија.

Директорот д-р Митко Крџев потврди дека во завршна фаза е доградбата на Дневниот прифатен центар каде се врши тестирање на пациентите, со цел да се обезбеди простор за уште осум болнички кревети за пациенти кои примаат дневна терапија и чекааат резултати од ковид тестовите.

– -Поранешното болничко одделение кое беше наменето за мигрантите го преуредивме во одделение за дневна терапија, а Невропсихијатриското одделение го адаптиравме за заразените пациенти од Ковид-19 кои имаат потреба од деноноќна терапија, но не на сметка на другите пациенти затоа што Невропсихијатриското одделение сега е преселено на Интерно одделение, рече Крџев.

Тој нагласи дека новоуредените одделение имаат потреба од десетина конектори за оксигенска терапија, монитори, ЕКГ апарати и кислородни боци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот