Се претставил како Барак Обама за да добие дозвола за носење пиштол

Profimedia
Фото: Профимедиа

Во американската држава Тенеси, уапсен е маж кој наводно го напишал името на поранешниот американски претседател Барак Обама на барањето за дозвола за носење пиштол.

Роберт Халик од градот Чатануга е уапсен поради поднесено нелегално барање за носење оружје, објави „Њујорк пост“ во извештајот на WTVC.

Халик е обвинет за употреба на името „Претседател Барак Х. Обама“, откако неговото оригинално барање за носење оружје било одбиено во ноември, бидејќи во Мичиген постои потерница за негово апсење.

Тој исто така напишал чек од 50 долари и испратил писмо со официјалниот печат на САД во друга апликација.

Полицијата го обвини за фалсификување, кражба на идентитет и лажно претставување.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот