Се претставил дека е од кабелска, па влегол дома и ја нападнал

Полиција/ фото МВР

Вчера во 12.37 часот во СВР Куманово, З.М.(33) од Куманово пријавила дека околу 12.27 часот во нејзиниот дом била нападната од едно лице, информираат од МВР.

Според пријавеното, лицето се претставило дека е од кабелска телевизија и побарало да наплати сметки, а кога влегла да побара пари лицето ја нападнало. Како што е пријавено, за неколку минути дошол нејзиниот сопруг и започнале физичка пресметка со лицето, кое потоа се дало во бегство и при тоа му испаднал пиштол.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а пиштолот бил подигнат за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот