Се претставил дека е кум на син ѝ: Скопјанка измамена за 10.000 денари

Седумдесетгодишна жена од Скопје пријавила дека вчера околу 10 часот во дворот од нејзината куќа на улицата „Тодор Чангов“ од непознат сторител била измамена за сума од 10.000 денари.

„Измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако дошол во домот на оштетената и се претставил дека му бил кум на нејзиниот син и ѝ побарал 10.000 денари затоа што наводно камионот му бил на заглавен на царина. Откако му ги дала парите тој го напуштил местото на настанот“, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот