Се препорачува: Ова треба да го направите 3 минути по туширањето

Туширањето влијае на нашата кожа која бара правилна нега. Затоа е многу важно да пронајдете рутина што ќе му одговара на вашето тело.

Редовното чистење и хидрирање е еден од начините како би требало да ја третирате кожата.

Но ако имате други проблеми со кожата, вашите дневни ритуали можеби ја уништуваат, а воопшто да не сте свесни за тоа.

Многу жени прават една грешка по туширањето и така си ја уништуваат кожата.

Работата е во тоа што предолго чекаат за да нанесат хидратантна крема или воопшто не ја нанесуваат.

По туширањето порите се шират. Важно е водата да се задржи во телото со нанесување на хидратантна крема 3 минути по туширањето. Ако чекате подолго од три минути, вашата кожа ќе ја изгуби влагата.

Затоа секогаш чувајте хидратантна крема во вашата бања и нанесете ја откако ќе се истуширате за да имате здрава и хидрирана кожа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот