Се предомислија: САД им издаваат дозволи на некои компании за продажба на производи од Хуавеј

фото: EPA-EFE/WU HONG

САД наскоро ќе им издадат дозволи на некои свои фирми за продажба на некои производи на кинеската компанија Хувеј, објави „Њујорк Тајмс“.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, минатата недела даде зелено светло за почеток на одобрување на дозволи на неколку американски компании да ја заобиколат забраната која тие му ја воведоа на кинескиот произведувач на технолошка опрема оваа година, пренесува Ројтерс.

Компанијата Хуавеј и американското министерство за трговија засега одбиле да ги коментираат пишувањата на „Њујорк Тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот