СЕ ПРАВИ НАВЕЧЕР, СЕ ЈАДЕ НАУТРО: Неверојатен здрав појадок кој го топи салото

здрав појадок овес каша

Кога ќе воспоставите навика за здрав појадок, тогаш со сигурност ќе знаете дека слабеењето и здравјето ќе ви бидат загарантирани.

Овој појадок е полн со витамини и минерали, кои освен што се добри за здравјето, го подобруваат и изгледот на косата, ноктите и кожата.

Рецептот е евтин и едноставен:

300 мл кефир
2 лажици овесни снегулки
Една лажичка мелено ленено семе
Една лажичка какао
7 суви сливи

Подготовка:

Подготовката на овој здрав појадок почнете ја така што ќе ги прелиете сливите со 100 мл врела вода и ќе оставите да отстојат 10 минути.

Во посебен сад измешајте ги другите состојки, додадете го кефирот, а од сливите направете пире. Откако ќе се излади, измешајте го и пирето од сливи и смесата чувајте ја во фрижидер до следното утро.

Изедете ја кашата за појадок. Резултатите ќе бидат видливи уште по првата недела од консумирањето.

Дознајте и како се прави пијалак против несоница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот