СÈ ПОЗАСТАПЕН: Знаете ли што е превентивен ботокс?

Општоприватено уверување е дека ботоксот го користат повозрасни жени за да ги измазнат брчките.

Но, во последно време е и многу популарен превентивниот ботокс, кој го користат и жени помлади од 30 години. Како и секоја интервенција, така и ботоксот има предности и негативности.

Оние кои го користат методот на превентивен ботокс всушност прават „преквалификација“ на фацијалните мускули. Најпрво се интервенира со ретинол, кој го стимулира создавањето на колаген и ја зајакнува кожата, а потоа се вбризгува ботокс.

Секако, ова не е наивна потреба и пред да се одлучите на таков чекор, мора да знаете дека консултацијата со дерматолози и козметичари е задолжителна, а ќе треба да воведете и многу промени во начинот на нега.

Секој професионалец ќе ви ги објасни процедурите и можните несакани ефекти. Најважно е да изберете професионалец кој ќе ја изврши интервенцијата, за да избегнете „смрзнат“ изглед. Според дерматолозите, луѓето го повторуваат „боцкањето“ еднаш до двапати годишно.

Најчесто превентивниот ботокс се вбризгува меѓу веѓите и над усните, како и во пределот на брадата. Доколку внимателно изберете каде ќе го правите, шансите за нуспојави се сведени на минимум. Се додека не претерувате, изгледот ќе ви остане природен, а за кратко време ќе ги забележите и ефектите.

Важно е да се знае дека оваа интервенција нема затегнувачки ефект и количините на ботокс се дозираат поинаку, односно се прави план за специфичниот случај.

Сепак, на вас е да размислите дали навистина ви е потребна ваква интервенција и секако, да се информирате од повеќе извори и да ги послушате советите на дерматологот кој сте го избрале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот