Се повеќе злосторства од омраза спрема Кинези: Промена на свеста заради коронавирусот или покажување на вистинското лице?

Кина ќе започне кампања за промоција на мандаринскиот јазик, а целта е до 2025 година да го користи 85 отсто од населението/Фото: Profimedia

Злосторствата од омраза спрема Кинезите во Велика Британија пораснале за време на епидемијата на коронавирусот, покажуваат податоците од британската полиција.

Во првите три месеци на 2020 година, за време на кризата на Ковид-19 забележани се најмалку 267 кривични дела, вклучувајќи и напади, грабежи и вознемирување.

Жртвите опишувале дека на улица ги удирале, плукале и навредувале заради коронавирусот откако првиот случај беше пријавен во Кина.

Стапката на злосторства од омраза спрема Кинезите меѓу јануари и март била речиси три пати поголема во однос на претходните две години, покажале податоците кои британската полиција ги проследила до Скај њуз.

Џереми Ву, студент и медицински техничар кој работи во Велика Британија, рекол дека се соочил со дискриминација на некои пациенти и колеги, при што еден соработник го прашал зошто не се врати во својата земја со својот вирус.

Ву рекол дека плачел пред да спие и дека се чувствувал осамено, бидејќи немало никој со кој би можел да разговара за тоа прашање.

– Порано или подоцна луѓето ќе сфатат дека е смешно да се поврзува пандемиски вирус со одредена група на луѓе, како ХИВ со ЛГБТ заедницата за време на 80-тите, рекол тој.

Мајкл Чиу, студент на Шефилд Хелам универзитетот, изјавил дека од автомобил фрлале овошје по него заради коронавирусот.

– Јас сум роден во Британија и немам апсолутно ништо со коронавирусот, а што е уште поважно вирусот не дискриминира начин и облик, рекол тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот