Сè повеќе читам книги, а сè помалку бришам прашина: Мудроста на оваа старица ќе ве освести!

“Драга моја,

Сè повеќе читам, а сè помалку бришам прашина. Седам во дворот и уживам во погледот без грижа за плевелот во градината. Сето време го поминувам со семејството и пријателите, а сè помалку во работење.

Животот мора да се живее, а не да се издржува. Сега пробувам да ги сфатам овие точки и да ги ценам.

Ништо повеќе не чувам: го користам мојот добар порцелан, кристалните чаши секојдевно. Го носам своето „палто за во град” кога одам и на пазар или до продавница. Се прскам со оние стари парфеми кои цел живот ги чував. Повеќе не ме интересира дали сум добила некој килограм вишок или дали мијалникот во домот ми е чист”.

Зборовите “еден ден” повеќе не постојат во мојот речник. Ако нешто вреди да се слушне или направи, се трудам тоа да го слушнам или направам веднаш!

Не сум сигурна што другите би правеле доколку би знаеле дека утре нема да бидат тука, бидејќи тоа сите го земаме здраво за готово. Мислам дека тогаш би им се јавиле на членовите на семејството или блиските пријатели. Можеби ќе им се јават и на оние поранешни пријатели да им се извинат, да ја обноват врската…

Сакам да мислам дека би отишле некаде на палачинки или на некоја друга омилена храна и би уживале.

Мислам дека никогаш нема да го знам тоа. Ова не се ситници и би се налутила доколку моето време истече, а притоа не сум направила сè што сакам или од нешто сум се лишила.

Би била бесна што никогаш не сум им се јавила на некои луѓе, мислејќи дека има време.

Би била лута што не сум им кажувала доволно на моите родители, децата и сопругот колку ги сакам.

Драга моја, овие денови со сета сила се трудам да не одложувам било што што може да ми изнуди насмевка на лицето и сјај во животот. Секој ден е посебен. Секоја минута, секој здив е подарок.

Животот не може да биде постојана забава, но додека сме тука, можеме да танцуваме!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот