Се поставува атмосферска канализација на улица „Христо Татарчев”, крак 14

Општина Кисела Вода во месната заедница Припор, на ул. „Христо Татарчев”, крак 14, поставува атмосферска канализација. По завршувањето на работните активности за поставување на канализацијата, Општината на истата улица во должина од 900 метри ќе изврши реконструкција на коловозот.

Денеска увид на улицата во придружба со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, членовите на Советот, Дарко Филиповски и Тодор Костадиновски, направи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

За четири месеци, жителите на ул. „Христо Татарчев”, крак 14, повеќе нема да имаат проблем со одведувањето на атмосферските води, а ќе имаат и целосно асфалтирана улица. ЈП „Водовод и канализација” на истата улица, во должина од 200 метри менува дел од постоечката водоводна мрежа.

Општина Кисела Вода во насока на подобрување на инфраструктурата на својата територија досега реализираше бројни проекти.

Локалната самоуправа со истото темпо ќе продолжи да работи и во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот