Се породи Карди Би со третото дете среде разводот со сопругот Офсет
Познатата раперка Карди Би стана мајка по третпат, а на свет донесе девојче. Среќната вест таа ја сподели на својот инстаграм-профил со зборовите: „Најубавата малечка работа“.
Имено, таа објави серија фотографии и видео со бебето, а на една од фотографиите се гледа нејзиниот наскоро поранешен сопруг Офсет, од кого се разведува откако тој наводно ја изневерувал додека била бремена.
Да потсетиме, Карди објави дека е бремена само еден ден откако поднесе барање за развод.
„Со секој крај доаѓа нов почеток. Благодарна сум што започнав нова етапа со тебе, ми донесе толку многу љубов и живот и ми ја обнови силата. Ме потсетуваш дека можам да имам сè“, напиша Карди Би и додаде:
„Ме потсети дека никогаш не смеам да избирам помеѓу животот, љубовта и мојата страст. Те сакам толку многу и едвај чекам да видам што ми помогна да постигнам и кон што ме туркаш“.
Извор тогаш за странските медиуми изјавил дека Карди и Офсет се оддалечиле, и дека раперот е тој што ја прекинал врската. Тој негираше дека имало афера, и дека тоа е причината поради која се разведуваат, но раперот е познат по неверството на партнерките, па и самата Карди веќе ја поминала оваа приказна, но сега очигледно е подготвена да стави крај на тоа.