Се поправа пешачката патека во Тафталиџе оштетена од паднато дрво

Во општина Карпош се санираат штетите што ги предизвика силното невреме кое пред два дена го зафати Скопје. Интензивниот ветер и поројниот дожд, како што информираат од локалната власт, предизвикаа материјална штета на булеварот Теодосиј Гологанов број 74 , во близина на супермаркетот „Веро“, во населбата Тафталиџе 2.

На оваа локација од падот на масивно дрво беа оштетени два автомобила, а поголемо оштетување претрпе и пешачката патека. По дојава од локалните жители, тимот на ЈП „Паркови и зеленило“ излезе на терен и го отстрани поголемиот дел од паднатото дрво, додека пак екипата за брзи интервенции за колско – пешачки патеки која ја ангажираше Општина Карпош, реагираше соодветно и го отстрани коренот од дрвото кое значително ја оштети пешачката патека – велат од Карпош.

Оттаму додаваат дека во моментов, екипата за брзи интервенции ја санира оштетената пешачка патека, при што таа ќе биде опремена со нова бекатонска подлога, односно плочки, и ќе биде вратена во првобитна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот