Се полни новиот бегалски камп на Лезбос, преместени околу 5.000 мигранти

Процесот на сместување на бегалците и мигрантите во новиот, привремен камп Кара Тепе на Лезбос, продолжува со зголемен ритам и досега се згрижени над 5.000 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од вчера наутро започна и полициската акција, за сите оние кои се по улиците и на паркинзите пред големите супермаркети, да бидат префрлени во новиот камп, а од Атина на островот беа испратени и 70 жени полицајки за да помогнат.

Со полициска асистенција мигрантите од изгорениот камп Мориа се префрлаат во новиот, Кара Тепе/ 17 сепетември 2020/ Фото: EPA-EFE/VANGELIS PAPANTONIS

-Ритамот на сместувањето на мигрантите во новиот камп се зголемува од час во час, акцијата на грчката полиција продолжува на многу ефективен начин, веќе над 5.000 се сместени, а како што помина времето, овој број се зголемува, рече алтернативниот министер за миграција и азил на Грција говорејќи за радиото „Параполитика” и додаде дека досега се направени и над 2.000 тестови за Ковид-19.

Прочитајте и...  СЗО и Википедија заедно во борба со дезинформациите за ковид-19

На островот се 17 мобилни единици на Националната организација за јавно здравје на Грција кои со помош на брзи тестови ги тестираат бегалците и мигрантите пред тие да влезат во новиот камп.

Илјадници лица кои престојуваа во Центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти и во импровизираниот камп во Мориа, останаа на улица, по двата пожари пред десетина дена

Поврзани вести

Трамп: Наскоро ќе ставиме крај на пандемијата, Бајден ја преувеличува ситуацијата

Слободен печат

Георгиевски: Историската комисија има направено големо поместување напред

Слободен печат

Стојанов: Треба да се почитуваат мерките за да не се оптерети премногу здравствениот систем

МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема стратегија, државата тоне во пандемијата

Слободен печат

СДСМ: Со блокирање на новите мерки, ВМРО-ДПМНЕ директно го загрозува здравјето на граѓаните

Слободен печат

СЗО работи на насоки за употреба на лекот ремдесивир

Слободен печат

Остави Коментар