Се појавија лажни гласини дека кралицата Елизабета умрела

Profimedia

Неодамна на социјалните мрежи се проширија гласини дека кралицата Елизабета Втора (93) починала. Корисник на Твитер објавил пораки од Ватсап групата, пишува Мирор.

„Кралицата почина утрово. Имаше срцев удар“, пишува во пораките што ги напишал непознат испраќач.

Наводно ги добил од член на обезбедувањето на кралското семејство, а се зборувало и како ќе се објави нејзината смрт.

Кралското семејство како и обично не се огласува во врска со гласините, а стручњаците за кралското семејство рекле дека Елизабета Втора е во добра состојба и дека се подготвува за неделата преполна со обврски.

Кралицата Елизабета последен пат во јавност е видена минатата недела, кога службено го отворила „The Royal Philatelic Society“ во Лондон, а потоа јавно се огласи на Инстаграм по повод терористичкоот напад на Лондонскиот мост.

Утре би требала да биде на прославата на 70-годишнината од НАТО сојузот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот