Се појави видео од тепачката на Нејмар со старлетата

Бразилецот Нејмар дефинитивно има сезона за заборав, а на крај може да заврши и зад решетки. Тој е обвинет од страна на старлетата Најила Триндаде Мендес де Соуза дека ја силувал во хотел во Париз, и веќе е испрашуван од бразилската полиција. Тој потоа во своја одбрана на социјалните мрежи го  објави разговорот со Најила и притоа ги прикажа нејзините разголени фотографии. Поради тоа, Нејмар се соочува со петгодишна затворска казна.

Проблемите за Нејмар се зголемија откако, исто така на социјалните мрежи се појави видео од вербалната расправија која потоа прерасна во физичка пресметка помеѓу Нејмар и старлетата.

Двојката прво пријателски разговараше, но одеднаш дојде до вербална, а потоа и физичка пресметка. Најила му удри шлаканица, а тој ѝ зборуваше да не го удира и се обиде да ја оттурне со нозете. Откако се вжешти состојбата, старлетата му се закани на фудбалерот со зборовите „Ќе те удрам. Знаеш зашто? Вчера ме удри и ме остави сама тука“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот