Се појави видео на кое се гледа како Лампард му упатува „сочни“ навреди на Клоп (ВИДЕО)

принтскрин

Ниту по преспиената ноќ не се смируваат страстите кои во неколку наврати го покажа Френк Лампард во поразот на неговиот Челси од шампионот Ливерпул.

Менаџерот на Челси беше прилично нервозен за време на натпреварот на „Енфилд“ против Ливерпул, а во еден момент упати сочни навреди кон Јирген Клоп.

Реакцијата на Лампард беше откако судијата досуди прекршок за Ливерпул по кој Тренер Александер-Арнолд со одличен шут од слободен удар постигна гол за водство од 2:0.

Лампард почна да вика кон клупата на Ливерпул, се расправаше со четвртиот судија и со Јирген Клоп кои се обидуваше да му каже да се смири, а истото го гестикулираат и резервните играчи на „црвените“.

„Немаше никаков е*ен прекршок, не те прашувам тебе. Можете да од***те и ти и сите вие“, му викаше Лампард на Клоп.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот