Се појави снимка која ги крена САД на нозе, Леброн: Нас буквално не ловат (ВИДЕО)

EPA-EFE/MIKE NELSON

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс е шокиран од видеото кое се појави и на кое се гледа како црномурестиот Ахмед Арбери (25) е убиен од страна на татко и син.

Убиството се случило уште во февруари годинава, но дури сега се појави видео снимка од грозоморниот настан.

Арбери е убиен во предградие на Атланта додека џогирал и тоа од страна на татко и син кои се белци и кои мислеле дека станува збор за разбојник.


Тие дури не се ни обвинети за убиството.


„Нас буквално не ловат секој ден, секој пат кога ќе ги напуштиме нашите домови. Не можеме да отидеме ниту на едно проклето џогирање. Кој к***ц е ова, дали вие се за***вате со мене. Жал ми е Ахмед, сите мои молитви и убави мисли се насочени кон твоето семејство“, порача кошаркарот на ЛА Лејкерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот