Се појави нов мистериозен вирус – американските власти ги прегледуваат патниците од Кина на аеродромите

ФОТО: EPA

Последен пат кога беа правени вакви проверки на аеродромите ширум САД беше во 2014 година поради ебола.

На три аеродроми во Соединетите Американски Држави,  американскиот центарот за контрола и превенција на болести испрати свои претставници за да ги прегледуваат патниците кои доаѓаат од кинескиот град Вуан, јавува Си-Ен-Ен.

Кај кинеските патници ќе се прават рутински прегледи за да се види дали имаат температура или некои од другите симптоми на новиот мистериозен вирус, Коронавирус 2019.

Вирусот досега беше смртонесен за две лица во Кина, а заразени се десетина луѓе.

Засега американските власти охрабруваат и велат дека нема простор за паника.

Последен пат кога беа правени вакви проверки на аеродромите ширум САД беше во 2014 година поради ебола.

Голем дел од заразените добиле воспаление на белите дробови. Коронавирусите, меѓу кои влегува и САРС-от, се чести кај животните.

Најверојатно вирусот го добиле по пазарење во големи рибарници и пазари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот