Се појави досега невидено видео: Принцот Вилијам ѝ става пудра на принцезата Дијана

Profimedia

Принцот Вилијам кој денес има 38 години, во видеото кое неодамна се појави во јавноста со големо внимание и љубов ѝ става пудра на лицето на неговата мајка Дијана...

Во британските медиуми се појави досега невидено видео кое го покажува моментот во кој 3-годишниот принц Вилијам ѝ „помага“ на својата мајка, принцезата Дијана да се нашминка во во далечната 1985 година, кога се подготвувале за позирање за еден од семејните кралски портрети.

Принцот Вилијам со големо внимание и љубов ѝ става на мајка му Дијана пудра на лицето, додека им се придружува неговиот татко принцот Чарлс и помладиот брат принцот Хари.

Снимката стана вирална и многу брзо се рашири на социјалните мрежи низ светот…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by London (@juan__styles)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот