Се подобруваат условите на Клиниката за нефрологија – реновирањата во завршна фаза

Од Универзитетска клиника за нефрологија информираат дека привршуваат активностите со кои се реновираат оддели и се менува медицинскиот и немедицински инвентар во оваа јавно здравствена установа, информираат од министерството за здравство.

Станува збор за комплетно реновирање на првиот кат на клиниката, каде се сместени одделите за интензивна нега, одделот за трансплантација, како и одделот за акутна и хронична дијализа и хируршка сала за обезбедување васкуларни пристапи за хемодијализа (артеро-венски фистули, катетри и сл.).

Со реконструкцијата е предвидена комплетна промена на изгледот, која опфаќа инфраструктура, нови тоалети и санитарии и целосна промена на инвентарот.

Се обезбедуваат и нови болнички кревети и помошен немедицински мебел. Воедно е направена и комплетна замена на инвентарот во работните простории на медицинскиот персонал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот