28.8 C
Скопје

Се подобрува епидемиолошката слика во Македонија: Над 4.000 оздравени од ковид-19 за два дена, активни 12.635 случаи

Бројот на оздравени пациенти од ковид-19 во последните два дена е во просек по 2.000, односно само за викендот оздравеле вкупно 4.125 лица. Во деноноќието меѓу саботата и неделата беа регистрирани 190 нови случаи, од направени 1.530 тестирања.

Во истиот период починаа шест лица, четворица пациенти од Скопје на возраст од 60 год., од 74 год., од 44 год. и од 86 год., еден 72-годишен пациент од Куманово и еден 64-годишен пациент од Гостивар.

Бројот на активни случаи во државата изнесува 12.635, од кои 58 проценти или 7.373 се наоѓаат во Скопје, по што следуваат Тетово со 466, Куманово со 452 и Кавадарци со 403.

Во болниците во Скопје и низ државата има вкупно 685 ковид пациенти, а според информациите од Министерството за здравство (МЗ) има околу 616 празни болнички кревети во ковид центрите.

Планот за вакцинација е подготвен, а следниот месец, според здравствените власти, се очекува да пристигнат првите дози вакцини во државава од „Фајзер” од Ковакс механизмот.

Според министерот за здравство Венко Филипче, здравствениот систем е целосно подготвен за вакцинација. Веќе се пристигнати два фрижидера кои беа најавувани како донација за фајзеровата вакцина која се чува на -70 степени, а уште три се очекуваат во текот на наредните недели. Во еден фрижидер може да се складираат 100.000 дози вакцини.

Филипче најави дека за кратко време ќе биде склучен договорот со „Фајзер“ од каде се очекуваат 5.850 дози во февруари и по 17.500 во март и во април. Во февруари, тврди министерот, ќе пристигнат и вакцините преку Ковакс механизмот за кои е направена уплата и обезбедена е соодветна гаранција. Вкупната количества на вакцина преку овој механизам за нашата држава се 833.000 дози.

Според планот, во првата фаза на вакцинација ќе бидат здравствените работници кои работат со ковид пациенти, вработените во лабораториите каде се прави дијагностика, штитениците на домовите за лица со посебни потреби и најстарите лица од возрасните групи над 70 години кои имаат коморбидитети. Во втората група се останатите здравствени работници, вработени во критична инфраструктура – наставниците, вработените во градинките, новинарите и, секако, пациентите од другите возрасни групи со хронични болести.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.938, бројката на оздравени пациенти е 73.601, на починати е 2.702, а бројот на активни случаи изнесува 12.635.

Поврзани вести

Пронајдено е телото на Американка која исчезната во Русија

Слободен печат

Гинцбург: Спутник В штити од сите мутации на Ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО | Во сообраќајка во Загреб загинаа две лица

Слободен печат

Домашен тероризам е најголема закана за САД

Слободен печат

Пожарот во фабриката „Слобода“ е изгаснат

Слободен печат

Детали за трагедијата кај Шабац: Пијан го запалил соседот, а потоа избегал

Слободен печат

Остави Коментар