Се подготвуваат наставните програми за прво и четврто одделение, наставниците ќе имаат обука летово

Мила Царовска /Фото Архива на Слободен печат

Летниот период ќе биде искористен за обука на наставниот кадар во прво и во четврто одделение, во кои од есен ќе почне да се спроведува новата Концепција за основно образование, а Бирото за развој на образованието работи на подготовка на нови наставни програми.

Како што соопшти МОН, во моментов програмите се во изработка, за прво одделение ќе бидат наскоро, а за четврто за околу три недели, по што ќе се подготвуваат модули за обука на наставниот кадар.

– Обуката за обучувачи ќе биде на крајот на април, во мај прв модул, во јуни втор модул и во август трето видување за конечни инструкции и влегуваме во настава. Нема да биде совршено, но ќе учиме од секој нов ден. Важен е ентузијазмот на наставниците и нивната посветеност, изјави министерката Мила Царовска за Македонската радио-телевизија.

Таа повтори дека наставниците не треба да се грижат дека некој ќе остане без работа. Нивниот статус е на неопределено време и никој не може, како што рече, „да ги промени кога сака или да ги третира како подобни и неподобни”.

– Дополнително, нема да се смета колку наставни часови имаат, туку колку часа се во училиште, за да добијат учениците освен задолжителни, и воннаставни и изборни предмети. Проактивните наставници ќе можат да заработат повеќе, додаде Царовска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот