Се подготвуваат локации за дезинфекција на возилата на влезовите во Кочани

Општина Кочани денеска го почна уредувањето на просторот за дезинфекција на возилата на влезот во градот од правец на Штип, со што ги спроведува актуелните и воведува нови мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Непосредно кај поранешните објекти на земјоделскиот комбинат „Кочанско Поле”, пред надвозникот на излезот од магистралниот пат А3, се работи на проширување коешто ќе биде прилагодено во дезинфекциска бариера за сите возила што влегуваат во Кочани од западната страна.

– Покрај градежната интервенција, ќе биде поставена и соодветна вертикална сообраќајна сигнализација, како известување за возачите. Наскоро дезинфекциска бариера за возилата што доаѓаат до правец на Виница и од другите општини од тој регион ќе биде поставена и на влезот во Кочани кај населбата Оризари, во близина на бензинската пумпа „Филипов”, истакнаа од Кризниот штаб на Кочани.

Прочитајте и...  Лошото време може да го одложи стартот на ракетата на „СпејсИкс" со американски астронаути

По првиот евидентиран случај од Кочани на заболен од КОВИД-19, се зголеми бројот на самоизолирани лица, меѓу кои се и четиринаесет лица од семејството на болниот.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати повик до сите што имале контакт со заболениот да се јават кај својот матичен лекар и превентивно да се самоизолираат. Тој апелира сите да се однесуваат совесно, да ги почитуваат мерките и препораките на Владата, Министерството за здравство и Светската здравствена организација за да се избегнат несаканите последици по личното и јавното здравје.

Прочитај повеќе

Платежните картички со пари од државата ќе се достават најдоцна до 3 јули

Чулев: СВР Охрид работи на идентификација на лицата кои учествуваа на Литијата и се поднесуваат соодветни кривични пријави

Слободен печат

Педофил намамил дете со слатки, а потоа го убил и го силувал неговиот леш (ФОТО)

Слободен печат

Европа пред нова должничка криза: Мал просторот за намалување на трошоците

Слободен печат

Почина првиот здравствен работник од Ковид-19 во Македонија

Слободен печат

Корона дијалози: Здравствената не смее да прерасне во политичко – правна криза

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Остри критики за Министерот за безбедност на Индонезија откако го спореди коронавирусот со жените

Слободен печат

Златните резерви го спасија домашниот пазар во Србија

Слободен печат

Филипче: Лекарите специјалисти во болниците земаат помеѓу 85 и 170 илјади денари нето плата

Слободен печат

Италија ќе добие 170 милијарди евра од средствата на ЕУ фондот

Слободен печат

УХМР најавува пороен дожд и грмежи во попладневните часови

Слободен печат

Џонсон следниот месец ќе ги продолжи преговорите за Брегзит

Слободен печат